Црна хроника
На Долно Блаце уапсен албански државјанин кој бил баран од Интерпол
Полицијата уапси албански државјанин кој бил баран од Интерпол Швајцарија на граничниот премин Долно Блаце.
Според информациите на МВР, вчера во 17:10 часот на граничниот премин Долно Блаце, при пасошка контрола било констатирано дека Х.Л.(29) од Албанија се наоѓа на листата со мерка апси по барање на Интерпол од Швајцарија.
Тој бил уапсен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се скарале па го изболе со нож: уапсени двајца мажи од Кичево
Вчера во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево.
Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево.
Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
При претреси во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа ножеви, додека кај Ј.Д. се пронајдени шприц исполнет со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тешко повреден 19-годишен скопјанец откако паднал од трет кат на куќа во Илинден
Тешко повреден 19-годишен скопјанец откако паднал од трет кат на куќа во општина Илинден.
Инцидентот се случил вчера вечер околу 20 часот, кога младиот човек, кој бил на гости кај роднини заедно со својата мајка, паднал од третиот кат на куќа во Илинден. Според првичните информации, тој имал здравствени проблеми.
По падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.
Црна хроника
Кавадарчани краделе клупа поставена од општината, полицијата ги фати на дело
Вчера во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци.
Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа.
Тие се приведени во полициска станица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

