Црна хроника
На скопскиот аеродром приведени мајка и син, депортирани од Шведска
На граничниот премин Аеродром Скопје, како депортирани лица од Шведска допатувале М.Ш.(38) од Скопје и нејзиниот 11-годишен син. Тие заминале во Шведска во 2014 година и побарале азил, но не им било прифатено барањето и биле вратени во Македонија.
По извршена проверка било констатирано дека М.Ш. се наоѓа на листа со мерка „апси“, додека момчето се наоѓа на листата „исчезнато лице“.
Лицата се приведени, по што момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека М.Ш. била предадена на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено-поправната установа „Идризово“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

