Топ
На Табановце запленети 11 милиони парчиња кинески цигари
На граничниот премин Табановце на влез од Србија се запленети 16,5 тони цигари, а на граничниот премин Богородица, на влез од Грција, 13 тони тутун во лист, информираат од Царинската управа.
На Табановце“на 28 мај при контрола на камион било утврдено дека истиот содржи 1.000 пакети со нелегални цигари, со вкупна тежина од 15 тони.
Во секој пакет имало спакувано по 50 штеки или вкупно 10 милиони парчиња цигари.
На истиот граничен премин на 24 мај годинава е откриено и комбе со 102 пакети со цигари, со тежина од околу 1.500 килограми или вкупно 1 милион парчиња цигари.
Станува збор за цигари од кинески марки ASHIMA LUXORY SIZE и MARBLE DE LUXE.
Во друг случај, на граничниот премин Богородица на 16 јуни бил запленет камион во кој биле откриени 130 пакети, тешки 13 тони, во кои имало тутун во лист.
„Возачот пријавил дека пренесува хартија за виткање тутун, но при направената проверка било утврдено дека возилото е натоварено со тутун во лист. Запленетиот тутун бил наменет за нелегална продажба како режан тутун на домашниот пазар“, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Против сторителите во овие три случаи се поднесени соодветни кривични пријави.
Доколку цигарите, односно тутунот завршеле на домашниот пазар, со оглед на тоа дека станува збор за акцизни добра, државниот буџет ќе бил оштетен за околу 1 милион евра, тврдат од царината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајка кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.
Македонија
До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош
До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржан во неделата, на 2 ноември.
Хаким Рамадани кој беше поддржан од коалицијата Влен за градоначалник на Брвеница, поднел приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2034, 2033, 2032 и 2035 во Брвеница.
Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачки места во Шуто Оризари, а приговори поднел и Сојузот на Ромите.
Приговори поднела и коалицијата „Искуство за успех“ за две избирачки места во Карпош.
Рокот за поднесување на приговори истекува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Македонија
„Влен“: Ако за ДУИ промената значи само смена на координаторот Беџети, тогаш го запечати својот политички крај
Движењето ВЛЕН во соопштение оцени дека дебаклот бил јасен како ден и дека ДУИ е избришана од политичката карта.
„Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат. Наместо да го прифатат крајот, тие измислуваат теории на заговор како што некогаш правеше нивниот пријател кој сега живее во егзил, Никола Груевски. Тие измислуваат имагинарни непријатели и следни ‘виновници’, но никогаш себеси. Две децении ја хранеа власта со лаги и страв, а денес, кога народот им ја затвори вратата, немаат ни минимално достоинство да молчат. ДУИ не падна случајно, туку беше соборена од ароганцијата, измамата и кражбата што ја претворија во партиска култура,“ се наведува во реакцијата.
Од ВЛЕН додаваат дека најавите за анализа во партијата не се искрени:
„Велат дека ќе ‘анализираат’. Но, каква анализа е ова, кога пред јавноста се појавуваат истите лица што ја уништија партијата? Наместо размислување, тие продолжуваат со пропаганда. Блерим Беџети повторно се појавува на сцената, човекот кој симболизира сè што Албанците го отфрлија: ароганција, неморал и навреда на интелигенцијата на граѓаните. Со секое јавно појавување, ДУИ уште еднаш го запечатува својот неуспех, докажувајќи дека повеќе нема идеи, нема морал и нема луѓе што можат да ја спасат од колапс.“
Во соопштението се вели и дека најавените реформи во ДУИ се само формални:
„Сега дури се двоумат да го употребат зборот ‘реформа’ и да го заменат со формулата ‘да им се даде простор на новите генерации’. Но, како го започнуваат ова? Со тоа што како знак на промена објавуваат дека Блерим Беџети повеќе нема да биде координатор на пратеничката група! Ова е ‘реформата’ што ДУИ ја ветува за поместување на столчињата, но не и на луѓето кои две децении станаа синоним за ароганција и злоупотреба. Ако за нив ‘промената’ започнува и завршува со Блерим Беџети, тогаш ДУИ го запечати својот политички крај,“ завршува соопштението на ВЛЕН.

