Црна хроника
Неексплодирани гранати од Првата светска војна пронајдени во Виница и Битола
Неексплодирани гранати од Првата светска војна биле пронајдени во два одвоени случаја во Виница и Битола.
Според информациите на МВР, вчера, З. Ѓ. (63) од Виница пријавил дека во село Црн Камен, Виничко, на местото наречено Камена Трага, пронашол неексплодирана граната во калибар 75 милиметри од Првата светска војна.
Истиот ден и И. Д. пријавил дека во Битола, во близина на мостот во населбата Баир, при изведување градежни работи пронашол неексплодирана артилериска граната во калибар 75 милиметри од Првата светска војна.
Гранатите биле подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.