Црна хроника
Неколкумесечниот син го оставила неухранет и без родителска грижа: кривична за 23-годишна жена од Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(23) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Пријавената, од рааѓањето на нејзиното дете на 12.12.2023 ја запоставила својата родителска должност, со денови го оставала нејзиниот неколкумесечен син без родителска грижа, одбила болничко лекување и го довела во состојба на неухранетост, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кумановец тепан од неколку лица во угостителски објект
Денеска во 2 часот во СВР Куманово, П.П.(31) од село Лопате, кумановско, пријавил дека околу 01:00 часот, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од неколку лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Разбојник со пиштол ограби аптека во Аеродром
Вчера во 18:50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзело пари.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Колеги се тепале во Петровец
Завчера во 08.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден во 08:10 часот во објект во изградба во населбата Илинден, општина Петровец, во сопственост на правен субјект, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од својот колега М.З..
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.