Црна хроника
Неовластено работеле како менувачници: кривична за тројца скопјани
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И. Ф. (61), И. Ш. (55) и М. Х. (39), сите тројца од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови по член 55 од Законот за девизното работење.
Имено, на 13.1.2024, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал извршиле претреси во три деловни простории во Скопје, при што ги затекнале пријавените при неовластено вршење купопродажба на странски пари, односно работеле како менувачници, без да имаат регистрирано правно лице во Централниот регистар и без овластување издадена од Народната банка на РСМ.
При претресите биле пронајдени машина за броење пари, поголема сума пари во разни апоени и валути и други предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.