Црна хроника
Несреќа во Тетово: Камион удри во мотоцикл, повредениот однесен во болница
Вчера околу 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во тетовска Мала Речица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Боговиње и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот А.Р. од тетовско Долно Палчиште.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово“, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината 82-годишна жена од Аргентина
82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.5.2024, во 7.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде што престојувала, била пронајдена почината Р. В. Б. (82) од Аргентина.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.