Топ
Несреќа кај Зајас: Шлепер и три автомобили се судрија, патници однесени во болница

Неколку лица се пренесени во болница со Брза помош, по судир помеѓу три автомобили и шлепер.
Несреќата се случила во близина на Зајас. Сообраќајот е закочен, а екипи на полицијата се на терен.
„Има сообраќајка во близина на Зајас. Помеѓу три патнични возила и шлепер. Има неколку лица пренесени во болница. Карактерот на повредите засега не е познат“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за „Макфакс“.
Засега не се познати ниту причините за несреќата.
Екипите на МВР се на терен каде се врши увид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам.
Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија.
Веднаш по приемот на заканата од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам биле активирани протоколите за антитерористичка проверка и по неколкучасовна проверка е утврдено дека станува збор за лажна пријава.
Осомничениот со својата постапка создал чувство на страв и несигурност кај патниците и другите присутни на аеродромот, а воедно со активирање на протоколите за антитерористичка проверка го пореметил и севкупниот воздушен сообраќај.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Свет
Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога станува збор за украинските безбедносни гаранции.
„Не мислам дека ние треба да го носиме тој товар. Мислам дека треба да бидеме од помош во запирањето на војната и убиствата. Но, треба да очекуваме, а претседателот сигурно очекува, дека Европа ќе игра водечка улога“, рече Венс во емисијата „The Ingraham Angle“ на Фокс њуз.
„Без оглед на тоа каква форма ќе има, Европејците ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот“, додаде потпретседателот на САД.
„Воените претставници на НАТО имаа одлична, отворена дискусија на видеоконференција за резултатите од неодамнешните состаноци за војната во Украина“, изјави претходно вчера висок функционер на НАТО, а западни извори објавија дека помала група во Вашингтон продолжува со дискусиите за безбедносните гаранции за Украина.
„Во врска со Украина, ја потврдивме нашата поддршка. Приоритет останува праведен, одржлив и траен мир“, напиша адмиралот Џузепе Каво Драгоне, шеф на воениот комитет на НАТО, на X.
По завршувањето на поширокиот состанок, помала група воени команданти продолжува со дискусиите во Вашингтон за безбедносните гаранции за Украина, соопшти западниот извор.
Тој додаде дека генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на американските вооружени сили, ги води разговорите, во кои учествуваат воени лидери од шест членки на НАТО.
Изворот рече дека сè уште нема резултати бидејќи безбедносните гаранции не биле детално дискутирани на претходната видеоконференција.
Изворот вели дека ќе има повеќе состаноци со поширок состав, откако помалата група ќе ги разработи опциите. Нема рок за завршување на разговорите и конечната одлука ќе ја донесат политичките лидери, рече изворот.