Црна хроника
Обвинение за разбојник што извршил пет тешки кражби на периферијата на Скопје
Скопското Основно јавно обвинителство поведе обвинение против едно лице за сторени пет тешки кражби.
Обвинетиот 37-годишник, на 11 октомври, од угостителски објект во населбата Илинден, одзел четири пластични гајби во вкупна вредност од 1.600 денари.
На 22 ноември, пак, од викенд-куќа на стариот пат за село Брњарци, со провалување одзел телевизор „сони“, вреден 18.000 денари.
Следниот ден од две викенд-куќи во населбата Дрма истото лице одзело повеќе предмети во вкупна вредност од 12.500 денари.
На 24 минатиот месец разбојникот ја прескокнал жичената ограда од овоштарник во Петровец и одзел предмети вредни 6.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

