Црна хроника
Одземени 5 возила со бесправно исечени дрва во Штипско
5 моторни возила натоварени со бесправно исечени дрва и моторни пили биле пронајдени и одземени од страна на полициските службеници во Штипско, во обидот да спречат бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, информира МВР.
Имено, вчера од страна на полициски службеници при СВР Штип, во содејство со шумска полиција и претставници од Национални шуми – „Серта“ Штип, преземени се мерки со цел спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, при што при извршена опсервација на подрачјето на селата Шашаварлија, Никоман, Калапетровци, Кошево и Почивало биле пронајдени и одземени 5 моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а при прегледот на терен биле пронајдени и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.
Одземените возила и бесправно исечените дрва се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.