Црна хроника
Од залутано зрно во Сарај оштетена шофершајбна на „голф“
Вчера попладне во 15 часот, 54-годишниот Ш.А. од село Сарај, скопско, пријавил дека во селото од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, извести МВР.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет
Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.
Според изјавите на очевидците, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот „Око“.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
„Полициските службеници од Единицата за интервента полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката и кај него не биле пронајдени документи за идентификација“, велат од СВР Скопје за „Макфакс“.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.