Црна хроника
Опожарени две возила во Скопје
Изутринава, околу 2.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Хашка избувнал пожар во патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. Ѓ. (37) од Скопје. Од пожарот делумно било зафатено и патничкото моторно возило „сеат атека“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на S. И. од Тетово. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Скопје. Увид е извршен, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен малолетник во скопски Аеродром, полицијата му нашла боксирач
Синоќа на подрачјето на општина Аеродром, полицијата приведе малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
Топ
19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти
Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 19-годишниот Е.Ф. од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија.
Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина.
Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Инциденти во скопски Аеродром: нападнати сопружници на паркинг, ограбен локал
Три инциденти регистрирала полицијата, во текот на вчерашниот ден, во скопската општина Аеродром.
Според информациите објавени во дневниот билтен, нападнат бил 19-годишник во кафуле од страна на 30-годишен скопјанец.
Физички нападнати биле и сопружници среде бел ден на паркинг.
„Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.
Истиот ден имало и грабеж од угостителски објект, кога непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети.