Црна хроника
Опожарени три контејнери во Карпош
Во текот на изминатиот викенд од страна на непознати сторители беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош.
Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од кои едниот е сосема уништен и неупотреблив, а другите два претрпеле значителни оштетувања од пожарот.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје извршија целосно расчистување на микролокацијата и го заменија комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, а другите два контејнера се сервисирани.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот за екипите на претпријатието да може навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен во согласност со оперативната програма за работа. Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

