Црна хроника
Опожарено возило во Охрид
Патничко моторно возило „Голф“, ноќеска околу 1 часот било опжарено во Охрид, соопштија од СВР Охрид. Пожарот бил локализиран од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид.
СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици.
„Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач“, се вели во соопштението на СВР Охрид. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.