Црна хроника
Откриени мигранти во возило на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, возачот побегнал
Во товарно возило на регионалниот пат Демир Капија-Неготино биле откриени илегални мигранти, соопшти полицијата. Возачот не застанал на полицискиот знак и продолжил со движење а потоа запрел и го напуштил возилото, велат од МВР.
Настанот се случил вчера во 14.30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кога полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, но возилото продолжило со движење.
Набргу потоа, возачот го запрел возилото и го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 17 лица илегални мигранти.
Тие биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца струмичани осомничени за продажба на екстази
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.М.(33), А.А.В.(23) и А.Ѓ.(23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите, во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на екстази – МДМА.
За таа цел, тие купувале, држеле, продавале и посредувале во неовластена продажба и пуштање во употреба поголема количина на екстази.
Црна хроника
Загина пешак кај Струга, во него удрил камион
Седумдесет и петгодишен пешак загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 06:30 часот на магистралниот пат Подмоље- Струга.
Според информациите на СВР Охрид, товарно возило „ман“,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата.
Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.
Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.
Топ
25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило „бмв“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.

