Црна хроника
Откриени 13 мигранти од Сирија, приведени две лица
Во автомобил на патот Гевгелија – Скопје полицијата откри 13 мигранти од Сирија, а приведени се две лица.
Според информациите на МВР, ноќеска околу 1:30 часот, полициски службеници ги привеле Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци.
На автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Миравци, во возило „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски кој почина во затворот во Штип
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина 46-годишен маж од Струмичко: со возилото се превртел на патот
Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.

