Црна хроника
Откриени 20 мигранти од Непал, приведен криумчарот
Денеска полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.П.(36) од Штип, со привремено живеалиште во с.Дамјан,радовишко, затоа што во возило комбе „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти од Непал.
Имено, околу 13.20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино-Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите ќе бидат сместени во прифатно-транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци-Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.