Топ
Охриѓанец загина во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Битола – Ресен

60-годишен охриѓаец загина, а уште тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа, која се случи вчеравечер на магистралниот пат Битола – Ресен, кај селото Братиндол.
Несреќата се случила по 19 часот, а се судриле две патнички возила „бмв“ и „клио“. Автомобилот „бмв“ го управувал 24-годишниот Б. Н., а со него бил и 25-годишниот К. Ш., двајцата од Ресенско.
„На 06.11.2023 во 19.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола–Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани-ресенско и патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(60) од Охрид. Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола каде возачот Г.С. починал. Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници од двете возила“, соопшти МВР.
Екипата на СВР Битола изврши увид на самото место. Сообраќајот на патот Битола – Ресен е нормализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за уште 16 општини, меѓу кои и кандидат за Град Скопје, односно потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
„Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски. Во Валандово – актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница – претседателот на општинската организација Гоце Милевски. Во Зрновци – исто така претседателот на општинската организација, Ванчо Митев, во Кавадарци – регионалниот партиски координатор Виктор Велевски. Во општина Карпош – д-р Маја Мојсова Мијовска, во општина Кисела Вода – Горан Трајковски. Во општина Маврово и Ростуше – Анес Ахмети. Во општина Ново Село – Петар Спасов, во Петровец – Елизабета Зелениковска. Во Прилеп – претседателката на општинската организација, Петра Лукароска, во Радовиш – исто така претседателот на општинската организација, Ристо Спасов. Во Свети Николе – Дејан Гичев, поранешен директор на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во општина Чашка – актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во општина Брвеница – Светлана Митреска Анџелковска, и кандидат за градоначалник на СДСМ за Град Скопје ќе биде партиската потпретседателка и поранешна министерка, Каја Шукова.“
Македонија
МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Од таму додаваат дека хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет.
„Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, соопштија од оваа институција.
Топ
Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.