Црна хроника
Оштетени автобуска, штаб и контејнери во Драчево, млад скопјанец пишувал политички пораки
Полицијата уапсила 25-годишен скопјанец кој вчера со спреј оштетил повеќе објекти во Драчево.
Полицијата го затекнала како вандализирал дел од објектите и на нив испишувал број „7”. Ова се случувало околу еден час по полноќ.

„Околу 1:30 часот на ул. Јустинијан Први во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(25) од Скопје затоа што бил затекнат како на трафостаница лепи плакати од политичка партија и со спреј пишува на штаб на политичка партија. Тој бил приведен во полициска станица и му бил одземен спрејот”, велат од МВР.

Полицијата против него ќе поведе постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Починато машко лице пронајдено на автобуска постојка во Центар
Ноќеска во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Му пукнала петарда во рака: тешко повреден 12-годишник во скопски Аеродром
Ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје.
Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик.
Црна хроника
Пијан скопјанец паднал од трговски центар: со тешки повреди е пренесен во болница
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје.
Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

