Црна хроника
Параглајдерист од Швајцарија паднал во околината на прилепско
41-годишен жител на Швајцарија се здобил со повреди при пад со параглајдер во околината на прилепско.
Полицијата соопшти дека вчера во 16.08 часот во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош бил донесен со телесни повреди А.М.(41) од Швајцарија.
Тој бил со престој во Крушево, а паднал со параглајдер на местото викано „Рибник“, во атарот на с.Новоселани, прилепско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје во двор од приватна фирма
Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, 54-годишниот М.Л. од Скопје пријави дека на улицата „Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Со остар предмет се заканувал на мајка си и искршил дел од покуќнината: притвор за 43-годишник од Свети Николе
Вчера во 12:15 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе, лишија од слобода 43-годишник од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата мајка, дека во двор од семејниот дом, со остар предмет и упатил закани и искршил дел од покуќнината.
Против лицето е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од страна на судија од Основен суд Свети Николе му е одредена мерка притвор во КПУ Затвор Куманово.

