Црна хроника
Парична казна за три лица од Куманово
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Двајца од нив се движеле со патничко моторно возило, патувајќи од с. Липково кон с. Гошинце, Кумановско, за време на полицискиот час. Со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње.
Третото лице за време на полицискиот час управувало со трактор во близина на с. Романовце.
За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

