Топ
Петнаесетгодишник со мопед удрил во врсник, двајцата се повредени
Петнаесетгодишно момче со мопед удрило во врсник, при што двајцата се повредени и пренесени во болница. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 21.30 часот во село Бузалково, Велешко.
15-годишник од село Бузалково, управувајќи мопед „Кивеј“ со велешки регистарски ознаки, удрил во пешак – 15-годишник од истото село.
Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје
Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.
Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.
„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.
Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.