Црна хроника
Пиштол и автоматска пушка пронајдени кај жител на битолско Жабени
Битолското Основното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 41-годишен жител на Жабени за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Осомничениот на 12 мај во својот автомобил држел пиштол „застава“ во калибар 6,35 милиметри и шест куршуми за тој пиштол.
При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка во калибар 7,62 милиметри и 15 куршуми во тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните.
На осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

