Црна хроника
Двајца Косовци од автомобил во Скопје украле штотуку купен телефон
Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца државјани на Косово за кривично дело тешка кражба.
Како соизвршители, двајцата косовски државјани, на возраст од 37 и 41 година, влегле на територијата на државава преку граничниот премин Блаце на 19 април по што со автомобилот се паркирале на паркинг-простор пред маркет на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.
Излегле од возилото и забележале како еден оштетен го паркира својот автомобил „ауди А6“ на истиот паркинг. Кога оштетениот го заклучувал своето возило со далечински управувач, еден од обвинетите со пресретнувач го блокирал сигналот на уредот за електронско заклучување.
Кога сопственикот се оддалечил, обвинетите го отвориле возилото и од преградата одзеле нов неупотребен мобилен телефон во кутија, вреден 90.000 денари.
Потоа истиот ден ја напуштиле македонската територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.