Црна хроника
Поведена постапка против струмичанец за обид за убиство
57-годишен жител на с.Вељуса е осомненичен за убиство и против него е определена мерка притвор, информираат надлежните.
Осомничениот на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат.
Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото.
Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен за штетните последици со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го пробол оштетениот во левата страна од половината.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, па на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.