Црна хроника
Повредени двајца мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија – Скопје

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Гевгелија – Скопје, кај тунел во близина на Демир Капија, каде се судриле автомобил „ауди“ и комбе.
На местото на незгодата полицијата пронашла 14 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, кои изјавиле дека се превезувале со автомобилот, а дека по незгодата возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот.
Во незгодата двајца мигранти се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицински центар Кавадарци за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Црна хроника
Тинејџерки се однесувале агресивно со полицајци, приведени се во Ѓорче

Во 3 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.