Црна хроника
Повредени полицајци: со возило на МВР се судриле со друго возило

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдени неексплодирани гранати при изведување градежни работи во Битола

Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на 25.02.2025 околу 17.15 часот на ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола, при изведување градежни работи биле пронајдени неексплодирани гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека станува збор за 145 артилериски гранати со калибар 75 мм., кои потекнувале од Првата светска војна.
Црна хроника
Загина пешак од Прилепско: во него удрило товарно возило

Синоќа во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.
Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Фатени крадци во Кавадарци, следува пријава

Денеска во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци.
Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било проанјдено одземеното,а лицата биле задржани во полициска станица.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.