Црна хроника
Поднесено обвинение за кражба во автобус
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 59-годишно лице поради кражба во автобус.
Обвинетиот на 21 јануари, искористувајќи ја турканицата во автобус што се движел по булеварот Партизански одреди, одзел паричник во кој се наоѓале 1.200 денари, лични документи, една дебитна картичка во сопственост на оштетената, како и една дебитна картичка сопственост на нејзиниот сопруг, со лист хартија на која бил запишан ПИН-кодот од картичката.
Кога се симнал од автобусот, обвинетиот влегол во аптека и со картичката купил стока во износ од 3.165 денари. Потоа, на банкомат направил седум успешни трансакции и подигнал вкупен износ од 35.000 денари. Со ова обвинетиот стекнал вкупна противправна имотна корист од 39.365 денари.
Надлежниот јавен обвинител, имајќи ја предвид казната за кривичното дело, општествената опасност и зачестеноста на ваквиот вид кривични дела, како и фактот дека обвинетиот е специјален повратник, процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство или криење со цел да се избегне кривичната одговорност. Од тие причини јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор како неопходна за непречено водење на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

