Црна хроника
Пожар во плевна во село Смилковци, повредено едно лице
Во пожар во плевна во селото Смилковци повредено е едно лице кое веднаш било пренесено во болница.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил вчера, а во објектот имало земјоделска механизација и добиточна храна.
Во пожарот со повреди се здобил И.Ф.(42) од с.Смилковци и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси на повеќе локации во Скопје за откривање дрога и оружје
Полицијата утрово изврши претреси на повеќе локации во Скопје за пронаѓање на оружје и дрога.
Во текот на утрово полициски службеници под раководство на јавен обвинител од обвинителството за гонење криминал и корупција, извршија претреси на повеќе локации во Арачиново, Ченто, Брест, Инџиково и Чаир поради основи на сомневање за сторени кривични дела поврзани со оружје и дрога.
Повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.
Црна хроника
6.151 сообраќаен прекршок во изминатите девет дена, уапсени 44 лица за безобѕирно управување возило
Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за возење во забранет правец, пет лица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а четири лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 1511 прекршоци за непрописно паркирање, 620 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 39 санкции за минување на црвено светло, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 173 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 349 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 214 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 119 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 62 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 28 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштуваат од МВР.
фото: МВР
Топ
Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место негувател.
Со наведеното дејствие, пријавената овозможила лицето да се стекне со имотна корист од 164.824 денари.
фото: МВР

