Црна хроника
Пожар во ТВ „Вис“, Струмица – гореа студиото и техниката

Утрово изби пожар во зградата во која се наоѓаат просториите на ТВ „Вис“ во Струмица.
Од телевизијата пренесуваат дека пожарот ги зафати телевизиското студио и техниката, но и останатите субјекти кои се сместени во зградата.
Поголем дел од опремата е изгорен, а дел е уништен од водата за време на гасењето на огнот.
Засега не е познато кои се причините за пожарот и колкава материјална штета е причинета.
(Фото: ТВ ВИС)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.