Црна хроника
Кривични за две лица кои претепале полицаец на паркинг пред полициското одделение „Попова Шапка”
Тетовската полиција поднесе кривични пријави против две лица од општина Врапчиште поради сомнение дека сториле кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Станува збор за А.Ќ. (26) од село Неготино, општина Врапчиште и Џ.И. (22) од село Градец, општина Врапчиште кои на 26 јануари годинава нападнале полицаец на паркинг пред полициското одделение „Попова Шапка“.
Имено, додека полицаецот преземал активности во врска со нивното непрописно паркирано возило, А.Ќ. му упатил закани по животот, по што заедно со Џ.И. физички го нападнал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
По преземени мерки и активности, вчера во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово.
По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Црна хроника
Грчки државјанин на „Табановце“ дал пасош со пари, приведен е за поткуп
Вчера на Граничен премин Табановце, полициски службеници гоприведоа Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп, објави МВР.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Црна хроника
Поранешен градоначалник на скопска општина го оштетил Буџетот со 662.885 денари
Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело “злоупотрба на службената положба и овластување” согласно член 353 од КЗ.
Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи – реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на градот Скопје.
На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на општината за износ од 662 885 денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.
Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава.