Црна хроника
Полицијата изрекла 141 казна за сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.7.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 39 мерки за прекршоци што ги пешаците, 12 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повредено деветгодишно девојче од Радовиш: го удрил мопед управуван од пијан возач

Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.
Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.
Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Кривична за полицаец од Скопско: возел со 1,65 промили алкохол во крвта, на полна линија му го пресекол патот на друг возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. А откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговотот возило.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Штип: во него удрил мопед и побегнал

Ноќеска околу 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Д.Т.(40) од Штип и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.