Топ
Поради обид за убиство во Делчевско уапсена албанска државјанка

Полициски службеници од полициската станица во Делчево, синоќа околу 2 часот по полноќ, во селото Тработивиште уапсиле 30-годишна албанска државјанка со иницијали А.О.
За Албанката, со место на живеење во делчевското село, постои сомнение дека во 2016 година сторила кривично дело по член 123, а во врска со член 19 од Кривичниот законик – убиство во обид, информираат од МВР.
Жената била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова

Просторот околу скопскиот Аквадукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска неколкумина скопски градоначалници како и многумина еко-активисти на почетокот на тридневната национална акција за чистење „Генералка викенд“. Претседателката Сиљановска-Давкова рече дека е неопходен договор меѓу луѓето и природата во кој луѓето ќе гарантираат дека ќе ја штитат природата.
„Ние во правото велиме дека оној кој што е постар има посилни или поголеми права ама ај да се потсетиме на тоа, први настанале билките, па животните па луѓето. Луѓето се однесуваат како натрапници во рајот. Тоа е факт. Ако не се смириме со природата ќе се самоубиеме, тоа е факт. Можеби е добро што почнувате од овде, ова е еден прекрасен Аквадукт, замислете од пред 2000 години. Ова траба да биде парк. Ние треба да си ја заштитиме природата оти штитејќи ја неа се штитиме себеси. Време е да сфатиме дека ‘Генералка викенд’ треба да прерасне во генералка 365 дена, претседателката Сиљановска-Давкова и предложи следниот пат акцијата за чистење да почне од дворот на Собранието.
И министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити кажа дека акциите како „Генералка викенд“ треба да станат секојдневие, а посебна грижа заслужуваат културните споменици како Аквадуктот.
Акцијата и годинава ја поддржа австриската амбасада. Амбасадорот Мартин Памер со неколкумина колеги се вклучи во чистењето кај Аквадуктот.
„Мора да бидеме свесни дека ова е многу важно за нас, за вас како луѓе кои живеат овде, но и за имиџот на земјата и туризмот“, рече австрискиот амбасадор во земјава, Памер.
На 29 локации во земјава на кои се спроведува акцијата „Генерлака викенд“ волонтери од Црвениот крст се грижат за безбедноста на сите кои се вклучени во чистењето.
Акцијата за чистење „Генералка викенд“ ја организира „Мен енд Маунтен“ во соработка со „Пивара Скопје“, „Пакомак“, „Нула отпад“, „Шпаркасе банка“, ЕВН Македонија, „Макстил“, „Бучим Боров Дол“ и германската компанија „Костал“, а ја поддржаа локалните самоуправи и Министерството за животна средина.
Македонија
(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип.
МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.
По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.
Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.
Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Македонија
Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.
Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка.
25-годишен странски државјанин е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип. Во Клиничката болница во Штип тој е донесен со неколку прострелни рани, каде што во 22.10 часот починал.