Црна хроника
Починал 66 годишник на патот Осломеј – Кичево, излетал со возилото
На 29.08.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во непосредна близина на крстосницата за с. Осломеј кај место викано „Бороите“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(66) од с. Поповјани излетало од коловозот.
Притоа, од здобиените повреди на местото помчинал возачот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало
Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишно момче од Битола му се слошило и паднало по што било пренесено во Клиничка болница – Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“ – информираат од полицијата.
Надлежните извршиле увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.
Црна хроника
На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра: Драма во Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“.
На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило.
Mу одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.
Црна хроника
Со четирицикл излетале во провалија: Несреќа на Шар Планина
Вчера во 15.45 часот во СВР Тетово, С.У. пријавил дека на патот од локалитетот Лешница кон Попова Шапка неговите пријатели со четирицикл паднале во провалија и не одговарале на неговите повици.
Полициски служби излегле на местото и во близина на бачилото ги затекнале С.У. и повредените Ф.Ф.(24) и С.С.(23) од Тетово и ги однеле до Попова Шапка, од каде со амбулантно возило биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди.