Црна хроника
Починат градежен работник во Кавадарци, извршен увид на лице место

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на градилиште за изградба на приватен објект, каде било пријавено починато лице кое работело како градежен работник.
Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа. Основното јавно обвинителство Кавадарци продолжува да презема дејствија за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ученик со лисици врзал соучесник во Велес и му вперил пластичен пиштол

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.
Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници.
За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес.
Црна хроника
МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Дајмонд“: 27-годишната скопјанка со повреди пренесена во болница

Вчера во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и сервисна улица која води од булеварот кон катна гаража „23 Јули“ во Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(21) од село Никуштак, општина Липково, удрило во пешакот Т.С.(27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.