Црна хроника
Починат маж донесен во болницата во Тетово
Шеесетиседум годишен маж од село Глобочица во Република Косово, а со место на живеење во Тетово, вчера бил донесен со автомобил во тетовската болница, каде му била регистрирана смрт.
Увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид во возилото со косовски регистарски ознаки, паркирано пред влезот на службата за брза помош, каде на совозачкото седиште се наоѓало безживотното тело на човекот
„Братот на починатото лице Л.С(72) од с.Глобочица Р.Косово ,а со место на живеење во Тетово, појаснил дека околу 05:30 часот Л.А дошол пред неговиот дом во Тетово и побарал од него да го префрли до Клиничкиот центар во Тетово и се пожалил на проблеми со срцето. Л.С со возило го донел неговиот брат Л.А до Клинички центар Тетово, каде од страна на дежурен лекар било констатирано смрт кај Л.А. По наредба на ЈО на телото на починатиот извршена е обдукција и по обдукцијата истиот е предаден на фамилијата за погреб“ се наведува во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

