Црна хроника
Починат маж пронајден во гостиварско Дебреше

Починат 53-годишен маж е пронајден во неговиот дом во гостиварското село Дебреше.
„Вчера (21 јуни) во 15 часот и 10 минути, во СВР Тетово било пријавено дека во семејната куќа во гостиварско Дебреше бил пронајден починат 53-годишниот М.М.. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид, а по наредба на Јавниот обвинител над телото била извршена обдукција, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка која се породила во март оваа година

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Црна хроника
Кривична пријава против охриѓани за лихварство

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишната М.Д.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против 35-годишниот Љ.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.
Пријавената М.Д.Д. во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од Б.Р. од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на Е.Д. и Љ.Д., двајцата од Охрид.
Пријавениот Љ.Д. во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за М.Д.Д. противправна имотна корист од лицето Б.Р. од Охрид, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари.
Црна хроника
Радовишанец во воена униформа се шетал со пушка и пиштол во градот

Жител на Радовиш облечен во воена униформа со пиштол и пушка се шетал низ градот.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. „Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал пушка.
При обид да биде лишен од слобода, А.У. се дал во бегство и ги фрлил предметите кои ги носел во себе, но по преземени мерки, бил фатен и лишен од слобода. Од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предметите кои лицето ги фрлило при бегството, односно една пушка, еден војнички ремен, кожна футрола со еден пар лисици за врзување, метална цевка, футрола со три куршуми за сигнален пиштол, метална рамка со пет капси, пиштол идр..
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.