Топ
Почина жената што пред еден месец беше застрелана од тетовец на патарината во Прешево

Почина триесетгодишната В.Ј. од Србија, којашто пред точно еден месец беше застрелана од страна на маж од Тетово на патарината во Прешево.
Жената и покрај напорите на лекарите во болницата во Ниш, вчера им подлегнала на повредите, објави српската новинска агенција „Танјуг“.
Како што претходно пишуваше „Макфакс“, таа на 8 март беше со пиштол застрелана неколкупти од македонски државјанин од Тетово, по што тој се самоуби пукајќи си во главата.
Тие биле заедно во автомобилот, а по кратка расправија девојката излегла од автомобилот и почнала да бега, кога мажот и се приближил и почнал да пука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.
Македонија
Петмина добија труење од храна откако јаделе во сендвичарница во Штип

Пет лица пријавиле симптоми на труење со храна по јадење сендвичи со пилешки стек во сендвичарница–киоск во Штип, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Објектот е веднаш затворен до добивање на резултатите од лабораториските тестирања.
Случајот бил пријавен од Центарот за јавно здравје Штип, по што инспекторите на АХВ извршиле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна.
Земени се примероци од инкриминираната храна и брисеви од работните површини. Објектот е времено затворен сè додека не се потврди неговата безбедност со лабораториските резултати – велат од АХВ.
Граѓаните кои се пожалиле на симптоми на труење побарале медицинска помош, а здравствените служби го следат нивното здравствено состојба.
Од Агенцијата нагласуваат дека инспекциските служби ќе продолжат со контроли за да се обезбеди заштита на потрошувачите и превенција на слични случаи.
Топ
Се заканувал дека ќе ја убие неа, братот и мајка ѝ ако не му даде 15.000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.
На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.
Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.
Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.