Топ
Почина тримесечно бебе во Скопје
Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето на Шуто Оризари лекар констатирал смрт кај тримесечно машко бебе.
По наредба на јавен обвинител, телото на бебето било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија силна против Катар
Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го победи Катар со 39:34 (21:17).
Македонија против Катар го одигра најдобриот меч во досегашниот тек на Мундијалот. Од втората минута кога со серија од три гола го презедоа водство, со искучок на еден дел од првото полувреме кога Катар изедначи на 7:7 ја имаа предноста на своја страна.
Во вториот дел Катар неколку пати успеа да се доближи на негатива од два гола, но не и да ја загрози предноста на Македонија. Практично мечот беше решен на девет минути до крајот кога Македонија водеше со 36:30.
Пешевски и Кузмановски постигнаа по шест гола, Митев и Костески по пет, Лазаревски четири. Голманите заедни имаа 13 одбрани (Кизиќ девет, Митревски четири). Франкис Карол со 12 гола од 19 обиди го предводеше Катар.
Македнија со четири бода сега е трета на табелата во Групата 3.
Македонија
Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас
Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека се добредојдени. При денешната посета на Куманово, Рокас рече дека и по изборот на новата влада во Бугарија, фокусот на делегацијата на ЕУ во земјата е помош за спроведување на реформите.
„Факт е дека имаме нова влада во Бугарија, ги видов пораките со честитки што се разменија, што е многу добредојдено. Од наша страна, како делегација на ЕУ, ние ќе се фокусираме на помагање на државата да ги имплементира реформите. Како што веќе реков, има голем момент и голема можност за проширување на ЕУ. Премиерот веќе двапати досега беше во Брисел во декември, значи има интензивна дипломатска активност. Она што се обидуваме да го направиме тука е она поради што оваа дипломатска активност тече, помагањето во надминувањето на овој проблем и поместувањето нанапред. Ние се фокусираме на испорака на реформите, а особено реформската агенда, која беше одобрена од Владата“, рече евроамбасадорот Рокас по средбата со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Тој денес само ги слушаше и се запознаваше со проблемите на Куманово и рече дека е подготвен да работи рака под рака со жителите за да ги забрза реформите и проектите што ги имаат во градот.
Македонија
Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“
Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“.
Судот со денешната одлука ја прекина судската постапка против четворицата обвинети, која се водеше вторпат. Четворицата беа обвинети и им се судеше како организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
„Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се уважува. Се запира кривичната постапка поведена со обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 31.5.2019 година за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот закон“, изјави судијата Илија Трпков при соопштувањето на одлуката.
Кривичниот суд ја донесе одлуката по доставеното мислење од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција дека за обвинетите треба да се примени Законот за амнестијата од 2018 година.
Со истиот закон во друга постапка беа ослободени поранешните пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, како и водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиески-Бетмен, Владо Јовановски и Игор Дурловски.
Судијата Трпков во два наврата одлучуваше дека амнестијата не ги опфаќа овие обвинети, но Апелација бараше и третпат да се произнесе, а ситуацијата дополнително доби друг тек кога ОЈО ГОКК во декември лани даде позитивно мислење.