Црна хроника
Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај
Во текот на вчерашниот ден (26.9.), на подрачјата под надлежност на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола и Штип и РЦГР Север, од страна на полициски службеници беа реализирани повеќе превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштитата на шумите од пожари.
Така, на подрачјето на СВР Скопје, поточно во реоните на селата Орман и Никиштани, беа спроведени превентивни активности од кампањата за заштита на шумите од пожари, а на подрачјето на СВР Штип, односно во Делчево, ОВР Делчево ја реализира акцијата со мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Полициски службеници од СВР Битола, односно од ОВР Прилеп, Крушево и Ресен на подрачјето на Прилеп, Крушево и Ресен спроведоа едукативно-превентивни активности во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, овој пат фокусирајќи се на правилното паркирање, на заморот како проблем во сообраќајот и на безбедноста на пешаците.
Вчера, и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, поточно од ПС за ГП и ГН Пелинце, на подрачјето на оваа организациска единица спроведоа едукативни активности во насока на превенција од шумски пожари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велосипедист прегазен на Средно Водно
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Возило удри во мотоцикл: мотоциклистот и неговиот сопатник тешко повредени
Во ОВР Гостивар вчера во 14.50 часот било пријавено дека на улица „137 “ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од М.Н.С.(56) од Гостивар и мотоцикл „бенели“, управуван од Д.С.(37) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.С. и неговиот сопатник Б.Е.(38), констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Судир меѓу патничко возило и мотокултиватор во Куманово
Синоќа околу 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.С.(63) и мотокултиватор управуван од Ф.С.(35), двајцата од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.С., констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.