Топ
Прегазени две девојчиња во Штип: минувале на пешачки премин пред училиште

Две девојчиња на возраст од 15 и 16 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.
Според полицијата, денеска околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години.
Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.
Свет
(Во живо) Eвропските лидери стигнаа во Вашингтон, почнува средбата меѓу Трамп и Зеленски

Претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп повторно се сретнаa лице в лице во Вашингтон.
Тоа e нивна четврта средба во живо оваа година, и секоја од нив досега беше посебна на свој начин.
Претходно челниците на ЕУ и НАТО стигнаа во Белата куќа. Се очекува сите да се состанат по средбата меѓу Трамп и Зеленски.
Во Вашингтон стигнаа претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, првиот човек на НАТО, Марк Руте, претседателот на Фрација, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стамер, како и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
Свет
Трамп: Знам точно што правам, решив 6 војни за 6 месеци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се пофали со своите мировни достигнувања пред денешните потенцијално клучни разговори за Украина.
„Знам точно што правам“, рече Трамп.
За време на неговиот втор мандат, Трамп постојано се претставуваше како „главен миротворец“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на светските конфликти. Во нова објава на социјалните мрежи, тој повторно се осврна на начинот на кој медиумите ја следат неговата администрација:
„Решив 6 војни за 6 месеци, од кои една се закануваше со нуклеарна катастрофа, а сепак морам да читам и слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека правам сè погрешно во врска со руско-украинскиот неред“, напиша Трамп.
Во објавата, тој повторно го обвини претседателот Џо Бајден дека ја започнал војната во Украина.
„Наречете ме како сакате – мајстор миротворец, реалист, личност што размислува сама за себе – но јас точно знам што правам. Решив 6 војни за 6 месеци, една од нив можеше да заврши со нуклеарна катастрофа. Сепак, морам да читам и слушам „Волстрит џурнал“ и многу други кои навистина немаат поим, велејќи ми дека правам сè погрешно во врска со руско-украинскиот неред. Ова се сите истите луѓе кои тврдеа дека Бајден знае што прави. Погледнете каде нè одведе! Да не беше Бајден, никогаш немаше да има војна каква што има.“