Контакт

Топ

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Објавено пред

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово.

dobivaj vesti na viber

Возачот кој управувал со возилото избегал од местото, а момчето се здобило со тешки повреди и било пренесено во болница, по што е пуштено не домашно лекување, соопшти полицијата.

„Вчера околу 14,35 часот било пријавено дека во Тетово на улицата Благоја Тоска, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во Е. Д. (17) од селото Бродец, Тетовско по што возачот го напуштил местото на настанот. Е. Д. бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му била констатирана тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

Македонија

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: Аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Објавено пред

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено дека друштвото остварило приходи од закупнина во износ од 10,9 милиони денари преку 24 активни договори, но кај повеќето договори цените се намалени или останале непроменети во однос на почетните.

dobivaj vesti na viber

Во 2023 година, приходите од продажба на добра и услуги изнесувале 48,8 милиони денари, што е намалување од 3 проценти во споредба со претходната година, додека за 2024 година се очекува зголемување на приходите за 13 отсто.

Приходите од користење на различните објекти како пливачки базен, лизгалиште, мала сала, куглана, конгресна сала и пинг-понг центар бележат пораст, додека Аква паркот има пад на приходите и во 2024 година е затворен поради економска неплатливост и истекување на гарантен рок на опремата.

Во извештајот е посочена и неизвесноста околу функционирањето на соларниот систем кој бил набавен за загревање на пливачкиот базен, поради технички недостатоци.

Исто така, друштвото не остварува приходи од стопанисување со паркингот, иако има стекнато право на користење.

Во рамки на претседавањето со ОБСЕ во спортскиот центар, друштвото обезбедило логистичка поддршка на Министерството за надворешни работи, но ревизорите укажуваат дека не се доставени записи за изведените работи и инсталации, и тие сѐ уште не се ставени во владение на друштвото.

Ревизорите констатирале и други неправилности, како слабости во работењето со готовината, начинот на евидентирање на залихите на суровини и материјали, нецелосно извршен попис, непропишани прецизни надлежностите за Надзорниот одбор, слабости во актот за систематизација и актите со кој се уредува начинот на пресметка на платите.

Наведените состојби, неправилности и неусогласености од различна природа влијаат на изразување на мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Се забележува и дека долгот од над 260 милиони денари кон Град Скопје за изградба на салата, направен во 2011 година бил отплатен дури во периодот 2019-2023 година. Друштвото работело со загуба, а средствата биле обезбедени од државниот буџет.

За надминување на констатираните недостатоци дадени се препораки до надлежните органи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Објавено пред

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен накит, ботулински токсин, суплементи, цигари и обувки со заштитен знак.

dobivaj vesti na viber

На граничниот премин Богородица, мобилен царински тим заплени златен накит тежок 304 грама и вреден околу 1,3 милиони денари. Две патнички со македонско државјанство, кои патувале на релација Турција – Македонија, се сомничат за криумчарење, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

На Деве Баир, цариници открија 210 вијали ботулински токсин (DYSPORT и MASPORT 500) во патна торба на патник кој пристигнал со автобус од Истанбул. Супстанцата, која е под строг режим на увоз, била запленета, а лицето ќе биде кривично пријавено.

На Меѓународниот Аеродром Скопје, кај холандски државјанин се пронајдени 2.580 капсули суплементи „Afye“, скриени во куфер. Лицето се обидело да ја избегне контролата користејќи го зелениот канал.

При контрола на камион на Табановце, биле откриени 144 делови за земјоделски машини скриени во торби во кабината.

На Богородица, во фабричка празнина под приколката на празен камион-кипер биле пронајдени 21 штека цигари.

На преминот Дојран, запленети се 128 пара обувки со ознаки на заштитени трговски марки, пронајдени во товарно моторно возило натоварено со стока од Турција наменета за увозник од Косово.

На Аеродром Скопје, при контрола на пратка од Дубаи, биле откриени 74 ремчиња за смарт часовници кои не биле пријавени во царинската документација. Стоката е запленета, а ќе биде поведена соодветна постапка против увозникот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Објавено пред

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за зголемување на минималната плата. Ставот на ССНМ, како што појаснуваат, кореспондира со актуелните барања на дел од синдикатите и вели дека покачувањето е повеќе од ургентно. Корекцијата, како што напоменуваат, е неопходна поради тоа што моментната висина на минималната плата е недостојна за пристоен живот на работниците, меѓу кои и на новинарите и на медиумските работници, чии интереси ги застапува ССНМ.

dobivaj vesti na viber

„Владата и синдикатите преговараат за финансиска иднина на работниците, иднина во која новинарите и медиумските работници не смее да бидат одминати. Последната опсежна анкета на ССНМ објавена во јануари 2024 покажа дека во медиумите повеќе од 50 проценти од вработените имаат примања под просечните, а голем дел од вработените е зависен од висината на минималната плата пропишана со законот. Со оглед дека платите во медиумскиот сектор речиси и да не поместени од мртва точка во изминатите две години, може слободно да се каже дека три четвртини од ангажираните во медиумите сега се под просечната плата, а сѐ повеќе се зголемува бројот на оние што се на минимална плата. Поради фактот дека голем дел од вработените во медиумите е директно поврзан со висината на минималната плата, ние како легитимен претставник на работничките права на новинарите и на медиумските работници бараме што е можно побрзо нејзино покачување.

Социјалниот статус на новинарите и на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво, а праксата досега покажала дека тој директно влијае врз степенот на мотивација, професионалност и посветеност, што не смее да биде во прашање за оние што водат сметка за јавниот интерес во државата. Притоа нагласуваме дека во оваа професија неретко се случува луѓето да бидат истовремено ангажирани на повеќе работни места за што најексплицитен пример се локалните медиуми, во кои вработените често се ангажирани и на три работни позиции, најчесто на минималец, кој е, како што истакнавме, под секое ниво за достоинствен живот“.

Синдикатот на новинарите и медиумските работници, кој претставува голем дел од вработените во овој сектор, бара и очекува од Владата и од работодавците решение, кое е во согласност со потребите на членството, што би значело висина на минималната плата на ниво на платите на колегите од земјите од регионот.

Пристојни плати на новинарите и на медиумските работници значат и професионално новинарство, независно од центрите на моќ, и чувар на јавниот интерес и на слободата на медиумите и изразувањето, велат од ССНМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: Аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија53 минути

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија1 час

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија3 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија е 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет4 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет5 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет5 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние кои сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет6 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија15 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ17 часа

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија18 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ19 часа

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија23 часа

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...

Македонија24 часа

Хелсиншкиот комитет го осудува националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу „Шкендија“ и „Карабах“

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар...

Македонија1 ден

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба, во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица....

Македонија1 ден

Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари

Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе...

Свет1 ден

ОН предупреди на катастрофални последици ако Израел ги прошири своите воени операции во Газа

Висок функционер на Обединетите нации предупреди дека може да има „катастрофални последици“ ако Израел ги прошири своите воени операции во...

Свет1 ден

Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот, која уби над 100.000 луѓе

Јапонскиот град Хирошима одбележува 80 години од американскиот нуклеарен напад што го уништи градот и одзеде десетици илјади животи. Хирошима...