Црна хроника
Прегазен 24-годишен скопјанец

Вчера, во 10.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Лазар Трпковски во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. М. (44) од Скопје, удрило во А. Ц. (24) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добила А. Ц., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена шверцувала мигранти со автомобил

Вчера во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за село Прдејци, полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.
Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.
Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелија.
Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.