Црна хроника
Предложени глоби за уште петмина битолчани поради прекршување на полицискиот час
Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство Битола, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против уште пет лица за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, во три одделни настани, постапиле спротивно на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и биле затекнати од полициски службеници како се движат на разни локации, без притоа да поседуваат дозвола за тоа. Двајца од обвинетите се движеле пеш низ градот на 26 април, а другите тројца на 25 април во 23.15 часот биле затекнати во внатрешноста на објектот „Трикотажа Пелистер“ АД Битола – во стечај.
Јавниот обвинител на Основниот суд Битола му предложи на секој од петте обвинети да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

