Црна хроника
Преку интернет договориле средба со малолетничка, па ја силувале шест часа
Тетовското Основно јавно обвинителство поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело обљуба врз немоќно лице.
Како што се наведува во соопштението за настанот, оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на селото Рашче, општина Сарај, и се договориле да се сретнат во Тетово.
На закажаната средба на 29 јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново.
Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден на повеќе локации вршеле полови дејства врз неа.
Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, а по другиот осомничен се трага.
Јавниот обвинител, по донесената наредба за истрага, доставил и предлог за определување притвор за двајцата осомничени.
Судија го прифатил предлогот и за двајцата осомничени определен е притвор во траење од 30 дена, со тоа што за осомничениот што е во бегство мерката ќе почне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно дете исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, полицијата веднаш презела мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.