Црна хроника
Се бара притвор за гостиварец фатен со 59 грама марихуана
Гостиварското Основно јавно обвинителство поведе истрага против 20-годишен жител на селото Равен за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Како што информираат од Обвинителството, во текот на јануари осомничениот набавил одредено количество марихуана и ја препакувал во помали пакувања со намера да ја препродаде.
При претрес во неговиот дом на 29 јануари полициските сужбеници пронашле 58,74 грама марихуана, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.
Јавен обвинител до судија од Основниот суд во Гостивар поднел предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, С.Б.(60) од Скопје пријавила дека околу 10.20 часот на автобуска постојка на Транспортен центар-Скопје била физички нападната од едно лице – возач на автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Импровизиран кревет и забоден кујнски нож нашла Кацарска пред гаражата – заканите се пријвени во МВР
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, пријавила во МВР дека добила закани за својот живот.
Од полицијата информираа дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„Од страна на Д. К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, пред нејзиното гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож, кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР.
За случајот известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината 82-годишна жена од Аргентина
82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.5.2024, во 7.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде што престојувала, била пронајдена почината Р. В. Б. (82) од Аргентина.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.