Црна хроника
Престрелка меѓу две групи по расправија во казино
Полицијата соопшти дека во близина на угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ неколку лица пукале од огнено оружје, но нема повредени.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека по претходна расправија во казино помеѓу Н.М.(34) од една страна и Д.М.(43) од село Лавце и Б.Д.(43) од Тетово, од друга страна, тие излегле надвор на улицата, по што биле испукани куршумите, а се вклучиле и други лица. Повредени лица нема.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. Во Полициската станица Тетово биле приведени и задржани учесниците, а се бараат и други лица за целосно рачистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
По преземени мерки и активности, вчера во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово.
По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Црна хроника
Грчки државјанин на „Табановце“ дал пасош со пари, приведен е за поткуп
Вчера на Граничен премин Табановце, полициски службеници гоприведоа Д.К.(49) од Република Грција, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
При пасошка и гранична контрола на возилото „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп, објави МВР.
Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.