Црна хроника
Претреси во кумановско, запленети возила, детектори
Денескa врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на лицата С.А., М.А., М.А. и А.А. во с.Љубодраг, кумановско.
При претресот биле пронајдени три патнички моторни возила „лада нива“ без соодветна документација, три детектори за откривање на метали без поседување на одобрение од Управата за заштита на културното наследство, кои биле одземени, и три хаварисани патнички моторни возила со странска документација без платени царински давачки, што било констатирано од службени лица од Царинската управа.
Исто така, при претресот, од страна на Инспекторатот за животна средина бил изготвен записник за констатирана состојба за управување со отпад.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.