Црна хроника
Фиктивно вработувале бремени жени и родилки за да украдат над половина милион евра од Фондот за здравство, Финансиската полиција апси во Прилеп
Денес од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја спроведе Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.
Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка под кодно име „Цицач” до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против повеќе физички и две правни лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА и ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ДРУГИ ПРИНОСИ ОД КАЗНИВО ДЕЛО од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, со што е предизвикана штета на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија во износ од 35.551.472 денари.
Првопријавениот во својство на овластен потписник на банкарски сметки на пријавените правни лица како и овластен потписник на банкарските сметки на повеќе физички лица, заедно со второпријавениот и третопријавениот во својство на управители и сопственици на пријавените правни лица, во период од септември 2020 до октомври 2023 година со намера да се стекнат со противправна имотна корист за себе, со лажно прикажување на факти го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да исплати парични средства по основ на користење на право за надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство на поголем број бремени жени-родилки, на начин што фиктивно ги вработувале во пријавените правни субјекти, како продавачки без да одат на работа, под услов да се бремени, притоа исплаќајќи им месечни примања во висина на минималната плата, за да по исполнувањето на законскиот услов од 6 месеци, извршат корекција на плата на многу поголеми износи од минималната, давајќи невистинити и лажни податоци во Управата за јавни приходи.
Првопријавениот во својство на овластен потписник на сметките на фиктивно вработените бремени жени – родилки, поголем дел од паричните средства кои биле исплатени од Фондот за здравствено осигурување по основ на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство ги присвоил за себе на начин што дел од паричните средства ги подигал во готово, а останатиот дел ги пуштил во оптек односно ги префрлил кон банкарските сметки на пријавените правни лица и кон сметката на шестопријавената по основ давање или враќање позајмици, а се со цел да го прикрие потеклото на нелегално стекнатите парични средства.
Со таквите дејствија пријавените лица го оштетиле Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за износ од 35.551.472 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

