Црна хроника
Претрес во Битола, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер
Во текот на вчерашниот ден, во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З. Б. (29) од Битола.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашеста материја, грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашеста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Охрид, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(36) од Охрид.
Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист, излетал со возилото на патот Струга – Дебар
Вчера, во 21.20 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на регионалниот пат Струга – Дебар, во близина на Струга, мотоцикл „кавасаки“, со струшки регистарски ознаки, управуван од В. М. (26) од Струга, излетал од патот.
Во несреќата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Велосипедист прегазен на Средно Водно
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.